Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Димовска во посета на Големото национално собрание на Туркије

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска  и утре претстојува во работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска  и утре претстојува во работна посета на Големото национално собрание на Туркије, во придружба на заменик-генерален секретар Ибуш Јусуфи и претставници од секторите за меѓународна соработка и за протоколарни работи.

На средбата со својот домаќин, генералниот секретар на Големото национално собрание на Туркије, Хусеин Куршат Кирбијик, генералната секретарка Марина Димовска изрази благодарност за поканата и топлото гостопримство, а посетата ја оцени како потврда на заедничката заложба за унапредување на соработката меѓу парламентите на двете пријателски земји.

Како што информираат од Собраниската прес-служба, беше истакнато дека Северна Македонија и Туркије ги поврзуваат традиционално блиски и пријателски односи, засновани на доверба, почит и долгорочна соработка. Димовска се заблагодари за континуираната поддршка што Туркије ѝ ја дава на нашата држава, вклучително и во рамките на меѓународните форуми.

Реклама

Разговорите беа посветени на унапредување на соработката меѓу службите на двете собранија, особено во областите на меѓународната соработка, протоколот, дигитализацијата и поддршката на законодавниот процес. Генералната секретарка предложи размена на искуства за координацијата на меѓународните активности, подготовката на парламентарните делегации, како и организацијата на официјални посети и меѓународни конференции, имајќи предвид дека Големото национално собрание на Туркије во наредниот период ќе биде домаќин на повеќе значајни парламентарни настани, меѓу кои и 152. Собрание на Интерпарламентарната унија. Димовска и Кирбијик се согласија дека ова може да се реализира преку студиски престои, обуки и размена на службеници.

Посебно внимание беше посветено на дигитализацијата и можностите за размена на добри практики, имајќи предвид дека Собранието неодамна ја усвои „Стратегијата за дигитализација 2026–2028“, насочена кон модернизација на работните процеси и унапредување на транспарентноста.

Генералната секретарка Димовска изрази задоволство од континуираната и плодна меѓупарламентарна соработка и го покани генералниот секретар Кирбијик во возвратна посета на нашата земја, со цел продолжување на успешната комуникација и зацврстување на партнерството меѓу двата парламента.

Во рамките на посетата, генералната секретарка и членовите на собраниската делегација остварија средба со раководителите на секторите за надворешни односи и протокол, за закони и одлуки, за информатичка технологија и за записници на Големото национално собрание на Туркије, кои информираа за делокругот на работа на овие сектори. На средбата беа разменети искуства за функционирањето на парламентарните служби и разгледани можностите за плодна и посистематска институционална соработка меѓу двете собранија во иднина.