Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николовски: Годинава имаме 347 случаи на заплени, запленети вкупно 318 килограми дрога, 3,1 килограм златен накит, 205 илјади евра и над 1 100 штеки цигари

Годинава Царинската управа има 347 случаи на заплени. Запленети 318 килограми дрога,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава Царинската управа има 347 случаи на заплени. Запленети 318 килограми дрога, 10 илјади парчиња лекови, 237 илјади парчиња цигари и 264 килограми други тутунски производи, 205 илјади евра, како и над 3,1 килограм златен накит. Зголемените случаи на заплени се нотирани и во извештајот на Европската комисија, каде се истакнува високото ниво на напредок во поглавјето Царинска Унија со која раководи Царинската управа. Ова го потенцира директорот Бобан Николовски во гостување на Алфа телевизија, се вели во соопштението од Царинската управa.

На прашање како се врши контролата, директорот објаснува дека, преку добра анализа на ризик, се селектираат одредени профили кои потоа се ставаат на црвен канал и детално се контролираат. При тоа интенцијата е преку селекција, добра анализа на ризик и таргетирање ризични профили да има повеќе случаи на заплени.

„Во Одделението за анализа на ризик, при Секторот за контрола и истраги, се сoбираат сите податоци од оперативата. Сите информации кои се предмет на анализа се слеваат таму, по што се даваат конкретни насоки. Податоците кои се предмет на анализа константно се ажурираат, се со цел подобра детекција. Не можете да бидете царински службеници ако не сте добро информирани за случувањата во земјата и светот“, вели Николовски.