Започна реконструкцијата наплоштадот Крушевска република во срцето на градот, на кој се наоѓа11 века стариот Чинар.Едно од најзначајните историски обележја на Охрид кое до сега пропаѓаше,ќе добие нов лик.Запуштен,без никакви содржини, замираше просторот, наместо да дише и мириса во автентичен охридски дух.Охриѓани повеќе нема со горчина да се присетуваат на убавите мигови поминати на ова култно место,туку ќе содаваат нови спомени. Ја поздравуваат иницијативата на локалната самоуправа која ги зеде конците во свои раце, фаќајки се во костец со оние кои го урнисуваа ова за нас значајно место.
–“Многу ми е мило и многу сум задоволна ако тоа се стори, ако се уреди како центар,како туристички град.Тогаш ќе биде уште поубаво,попривлечно,како за нас пензионерите и за младите исто.Што е убаво за секого е убаво.- Затоа што е туристичко место и затоа што е Унеско,затоа треба.Ова не го личи вака,ова треба да биде миено,исчистено,клупи да има овде.Ова е клупа ?- Дали ќе биде добро кога ќе се уреди овде?Би требало да е, како да не биде.Јас ако се дотерам,избричам,купам кошула поубава, како не ќе бидам ако сум стар логично е тоа”-велат охриѓани
Ова е еден од капиталните проекти кој што беше ветен уште во првиот мандат,кој се до сега чекаше реализација заради опструкциите од тогашната гарнитура во министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство,вели градоначалникот Пецаков.Првичниот проект претрпел неколку измени поради забелешките на Унеско

“Овие 2-3 години ги поминавме во исполнување или промена на одредени забелешки кога сме ги добиле, да направиме промени во проектот.Претпри 3 измени самиот проект,меѓутоа конечно ја доби финалната фаза пред 2,5 години не межевме да стигнеме до одобрение заради разноразни сопки меѓутоа ево го крајот на светлото на тунелот се гледа отпочнува ова”-вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид
На местото на некогашната фонтана која со години нефунцинална скапуваше, нема да се направи нова поради архелошките наоди на таа локација.Но и без фонтана целиот простор околу Чинарот и старата чаршија ќе биде добие модерен изглед кој сепак ќе се влопи во амбиентот,укажува Пецаков.Проктот чини 45 милиони денари,пари кои за оваа немаме се издвоени од општинската каса.
