Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Повеќе од 100 бизнисмени од Србија и Македонија ќе седнат на иста маса во Скопје- се организира бизнис форум за продлабочување на соработката

Над 100 бизнисмени од Србија и Македонија ќе договараат нови форми и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 100 бизнисмени од Србија и Македонија ќе договараат нови форми и методи за соработка. Ова се очекувањата од претсојниот форум кој на 2 и 3 декември ќе се одржи во Скопје. Продлабочувањето на економската соработка и партнерството беа и во фокусот и на разговорите за време на работната средба помеѓу вицепремирот и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ и неговата српска колешка, Адријана Месаровиќ.

„Во овој момент сите три стопански комори во нашата држава се сложија заеднички да учествуваат во целата приказна, што е нов момент во историјата на македонската приказна и во начинот на организирањето на стопанските комори од една страна. Се надевам дека во соработка со српската стопанска комора сето тоа ќе донесе многу резултати и се надевам дека ќе се отворат нови патишта за соработка.“– изјави заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Стоилковиќ очекува дека ќе се решат и големи проблеми на стопанствениците.

Реклама

„Пред се бизнис форумот доаѓа како резултат на барањата на стопанствениците за некои работи побрзо да се решаваат. Најголема примедба од стопанствениците е долгото чекање на граничните премини, така да од тој аспект ова во годинава што изминува, дававме напори во насока тоа да се разрешува. Втората работа во тој аспект беше идејата за проширување на граничните премини затоа што многу се доцни со испораките, и многу други прашања поврзани со гаранција на странските инвестиции и сето она што значи ослободување на бизнисот од стегите на администрацијата.“- изјави Стоилковиќ.

Инаку трговската размена со Србија од година во година бележи раст. Во 2024 изнесувала 1, 4 милијарди евра, а годинава само за девет месеци надминала 1,1 милијарди евра и очекувањата се дека ќе заврши со поголем раст од лани.

Потпретседателот на Владата, Иван Стоилковиќ учествуваше и на првата конференција „Western Balkans 2030“, што ги обединува меѓународните, европските и регионалните институции, инвеститори и иноватори. Настанот, организиран со поддршка од Европската инвестициска банка и ОН, има за цел да го истакне потенцијалот на регионот и да прерасне во годишен форум што ќе се одржува во различни градови низ Западен Балкан до 2030 година.