Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Клиничката болница во Штип конечно го решава недостатокот на кадар – 18 нови вработувања, во најава уште 25

Штипската Клиничка болница, конечно го решава  проблемот недостиг на кадар-еден од најсериозните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипската Клиничка болница, конечно го решава  проблемот недостиг на кадар-еден од најсериозните предизвици со кој се соочува најголемата здравствена институција на Истокот. Со вработување на 18-те здравствени работници ќе се започне веднаш штом заклучокот на ДИК, дека Локалните избори се завршени, ќе биде објавен во Службен весник. Веќе следниот ден болницата, ќе ги потпише договорите за работа со новоприманите. На неопределено време ќе бидат ангажирани 7 лекари по општа медицина, фармацевти и медицински сетри, кои на последниот оглас за вработување распишан пред изборите, оствариле најдобри резултати. Постапката  за избор е целосно завршена

   „Периодот на интервју на одлука е донесен, периодот на жалби е поминат. Се чека само на завршување на периодот за тие 18лица што се избрани да потпишат договор„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Покрај ова, во тек е постапка за нов оглас во Министерствата за здравство и финансии за дополнителни 25 вработувања. Најголем дел ќе бидат технички персонал-болничари, хигиеничари и медицински сестри. Се  очекува до крајот на годината да биде распишан уште еден конкурс, со што ќе се намали недостигот на кадар кој се чувствува во речиси сите одделенија.

Реклама

   „Недостаток има на сите одделенија. Не би можел да издвојам некое, критични се сите, но некако се справуваваме со тој недостаток. Се надевам дека со новите вработувања, 2026 ќе ја почнеме во подобра кондиција„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Со години штипската Клиничка болница, функционираше со околу 20%помалку вработени од потребното што го отежнуваше секојдневното функционирање институцијата. Најкритично беше на одделите за анестезиологија, очно и ортопедија.