Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Криминал тежок 1,7 милион евра- кривична пријава за Блерим Беџети и неколку службеници во Сарај и Град Скопје

Сомнеж за злоупотреба на службена положба, несовесно работење и фалсификување или уништување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнеж за злоупотреба на службена положба, несовесно работење и фалсификување или уништување на деловни книги. Криминал тежок 1,7 милион евра во општина Сарај. Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети и уште седум поранешни функционери и службеници како и еден надзорен инжинер во општината поради злоупотреби со градежно земјиште.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор за урбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помлад соработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство на раководител на сектор за планирање и уредување на просторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзорен инженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“– се вели во соопштението на управата за Финансиска полиција.

Како што е наведено во соопштението од Финансиската полиција, постојат основи за сомнение дека пријавените свесно изготвиле и одобриле документи со невистинита содржина, за катастарската парцела за која немало донесен детален урбанистички план. Дополнително биле направени пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште спротивно од законските прописи, а надзорниот инжинер извршил технички преглед и поднел завршен извештај со лажни податоци.

Реклама

На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари.“- според соопштението од управата Финансиска полиција.

Од Финансиската полиција посочуваат дека предметот е резултат на долга финансиска и документациска анализа, а постојат и сомнежи за поширок систем на злоупотреби во урбанистичките оддели на  Сарај во периодот кога со општината раководеше Блерим Беџети. Тој и претходно се товареше за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“,  за диво поставените платформи на кањонот Матка. Во текот на летото, од коалицијата „Вреди“ обелоденија дека 18 годишниот син на Беџети потпишал договор со ЈП Комунална хигиена вреден 12 илјади евра за давање совети за заштита на животната средина.