Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Ѓорѓиевски и Костовски најавија изградба на мега парк во Бутел

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, попладнево го означија почетокот на изградба на мега парк во Бутел што ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри.

Како што информираше скопскиот градоначалник, Ѓорѓиевски, со ова всушност почнува реализацијата на првите проекти ветени во неговата програма.

– Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, што ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри, појасни Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој рече дека парковите се вистински зелени оази што придонесуваат за поздрав живот и почиста животна средина.

– Тие го подобруваат квалитетот на воздухот, го намалуваат ефектот на урбаните горештини, создаваат места за одмор, рекреација и дружење и го поттикнуваат заедништвото меѓу граѓаните. Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот. Ова е еден од четирите мега паркови ветени во мојата програма. Дополнително, предвидуваме изградба на околу 50 мали паркови во сите општини, со што секој дел од Скопје ќе добие свој зелен агол, додаде Ѓорѓиевски.

Тој рече и дека во Бутел следува вистински инфраструктурен бран.

– Ќе изградиме кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, како дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје. Целта е поголема безбедност и ред во сообраќајот и постигнување на визијата за град со нула фатални несреќи до 2030 година. Паралелно со тоа, ќе следи целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со нов асфалт, модерни пешачки патеки, улично осветлување и атмосферска канализација што конечно ќе го реши долгогодишниот проблем со поплави. Меѓу поголемите проекти што следуваат се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, како и ревитализацијата на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки. Сите овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните, подвлече Ѓорѓиевски.

Костовски рече дека инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ѓорѓиевски рече дека околу некои неправилности во минатото, имало средба со Финансовата полиција и сè им било ставено на располагање на службите. Тој повтори дека е потребно домаќинско работење. Градоначалникот повторно се осврна и на лица кои долго време не работеле, а земале плата од Градот Скопје. Рече дека нема да толерира некој да биде отсутен од работното место и да зема плата.

Тој додаде дека има сериозни индиции за серозни злоупотреби.

– Јас не сум истражен орган, ниту сум финансова полиција, ќе оставам на службите да работат, одговори тој на новинарско прашање.

Неговиот фокус во наредниот период, како што кажа, е средување на состојбите поврзани со хаосот.

– Ќе ја разгледаме можноста за обнова на многу од парковите во наредниот период, затоа што ние, од една страна треба да градиме, а од друга страна, треба и она што било запуштено со години, а некој го изградил во минатото, да го обновиме. Така што, нè чека многу работа, ќе ја скенираме состојбата и таму на терен како и во останатите паркови. Знаете, Градскиот парк не беше исчистен 4 години. Беше неподносливо за граѓаните да се движат во Градски парк во срцето на Скопје. Така дшто, етапно влегуваме во фаза каде што секаде полека ќе ги средуваме состојбите. Ова нема да биде едноставно, нема да биде лесно и нема да биде преку ноќ. И знам дека и нашиот народ е свесен за тоа. Го знае тоа и ни дава шанса. Но, нема да ги изневериме очекувањата од нашите сограѓани и максимумот ќе го дадеме од себе да постигнеме резултати, заеднички, дециден беше Ѓорѓиевски.