Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ѓорѓиевски бара и лична и командна одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Затвореници и притвореници земале плата и биле пријавени како работници во јавните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затвореници и притвореници земале плата и биле пријавени како работници во јавните претпријатија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски откри нови детали од мега скандалот со злоупотребата на буџетите и работата на јавните претпријатија, додека беа под капата на Данела Арсовска. Ѓорѓиевски не сакаше да сподели детали за да не влијае во истрагата на финансовата полиција, а од надлежните побарал не само индивидуална, туку и командна одговорност, односно освен лицата кои земале плата, а не оделе на работа, да одговараат и оние кои ги потпишувале нивните исплати и директорите што го одобрувале таквото постапување. На нападите на Арсовска да ги објави имињата на лицата кои земале плата, а не оделе на работа, Ѓорѓиевски посочи дека немал никаков проблем да ги објави имињата, но прво чека да се изјасни Агенцијата за заштита на лични податоци.

„Не е доволно само моментот што некој правел злоупотреба земајќи плата, тука треба да има и командна одговорност на оној кој сето тоа го потпишувал, но и на директорот што тоа го одобрувал на крајот од денот. Во интерес на истрагата не можам во детали да влегувам, кој што се наоѓаат во куќен притвор и се затвореници, а замислете земале плата од градот Скопје. Има под интелектуални услуги активирано камиони со астрономски суми исплата на физички лица, кои што работеле наводно за комунална хигиена. Денес немаме такви договори, ама немаме ни полни контејнери, а во минатото се давевме во смет“, изјави Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје.

Инаку денеска почна изградбата на новиот мега парк во Бутел, еден од првите проекти ветени во програмата на Ѓорѓиевски. Запуштениот простор долж булеварот Христијан Тодоровски Карпош ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор богат со зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони. Ќе има содржини наменети за сите возрасти, а ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни. Овој парк е еден од двата кои ќе се градат во Бутел и еден четирите мега паркови кои ги вети Ѓорѓиевски во програмата за градот Скопје. Покрај нив ќе има уште педесетина помали.

Реклама

„Не чекаат многу активности, ќе имаме во наредниот период ве повикувам во наредниот период да ја следите нашата работа и реорганизација на јавните претпријатија, модернизација согласно нашите можности на истите обезбедување на возен парк за истите во делот на ЈСП и делот на комунална хигиена“, изјави Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје.

Покрај парковите во план е и изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците Бутелска и Александар Урдаревски, како дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје. Ѓорѓиевски и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски најавија дека ќе следи целосна реконструкција на улиците Бутелска и Радишанска со нов асфалт, модерни пешачки патеки, улично осветлување и атмосферска канализација која конечно ќе го реши долгогодишниот проблем со поплавите. Меѓу поголемите проекти што следуваат се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, како и ревитализацијата на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.