Реклама
Македонија

Во Скопје започнува третата конференција на МАРЕС посветена на обновливата енергија

Tретата конференција на МАРЕС, посветена на темата „Структурирање на иднината на обновливата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Tретата конференција на МАРЕС, посветена на темата „Структурирање на иднината на обновливата енергија“ ќе се одржи денеска со почеток во 8:30 часот во хотелот „Лимак“ во Скопје.

МАРЕС 2025 е настан посветен на актуелните прашања и идните насоки во енергетиката. Ќе се зборува за состојбите на пазарот, новите политики, инвестициите, обновливите извори и конкретните чекори за поефикасен и стабилен енергетски систем во земјава и регионот.

Конференцијата ќе ги обедини претставниците на институциите, дипломатскиот кор, регулаторите, инвеститорите, меѓународните организации и експертите од индустријата.