Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Кавадарчанка пријавила физички напад со остар предмет од свекорот

Кавадарчанка во полиција пријавила физички напад со остар предмет од свекорот. –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кавадарчанка во полиција пријавила физички напад со остар предмет од свекорот.

– Вчера во 17:31 часот во ОВР – Кавадарци, 54-годишна кавадарчанка пријавила дека во дворот од нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот свекор, кој употребил остар предмет, кој е пронајден и одземен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Оттаму информираа и дека вчера во 15 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.

Реклама

– Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото. Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.