Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Во Скопје 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“).

Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере министрите, високите владини претставници, меѓународните партнери и експертите за безбедност од целиот Западен Балкан и Европа за да разговараат за заедничките безбедносни предизвици, регионалната соработка и обновата на довербата и отпорноста.

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат генералниот секретар на РСС Амер Капетановиќ, заменик-претседател на Владата на Македонија задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи, заменик-генерален директор за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи на Италија Стефано Гамбакурта и амбасадорот на Италија во Македонија Паоло Палминтери. 

Реклама

Како што посочуваат од РСС, дводневниот настан ќе вклучи дискусии на високо ниво за придонесот на Западен Балкан кон побезбедна Европа, обновувањето на довербата во институциите и отпорноста, зајакнувањето на регионалната соработка во справувањето со организираниот криминал, корупцијата, миграциите, родово-базираното насилство по транзитните рути, како и сајбер и хибридните закани.