Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Современ систем ќе го регулира испустот на водите од Охридското Езеро во реката Дрим

После 60 децении конечно на испустот кај реката Дрим во Струга ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 60 децении конечно на испустот кај реката Дрим во Струга ќе се направи најсовремен систем за регулација на протокот на вода од Охридско. Со модернизација и автоматска регулирање со далечинско управување ќе се врши и контрола на истекот на вода во рамки на дозволеното,појаснуваат од ХЕЦ Глоболица. Потенцираат дека иако хидросистемот Црн Дрим во кој што се вклучени хидроелектраните Глобочица и Шпиље се едни од најзначајните енергетски комплекси во нашата држава и важен дел од енергетскиот сектор со значајно учество во производството на електрична енергија,но тоа не значи дека Охридското се користи како вештачка акумулација. Поради лошата хидролошка состојба и нискиот водостој на езерото, производството на електрична енергија е намалено за 40 %.

“Практично последниве 7 години е доста низок исти така и оваа година,тоа е резултат на нашето послабо работење во однос на нашите просечни планови кои што до сега сме работеле.Производството е намалено, исклучиво работиме за балансирање на националниот енергетски систем во оние пикови кога е најпотребно.Во спротивно, вршиме штедење на водите за да не дојде до исушување на самото корито ”-вели Гоце Божиновски -Директор на ХЕЦ Глобочица Струга

Експертите дополнуваат дека покрај мерките за адаптивно управување со езерото во услови на драстично променети климатски услови,најважно од се’ е да се ревидира договорот со Албанија кој е стар 70 години.

Реклама

“Договорот склучен помеѓу Југославија и Албанија во 1956 година за регулирање за управување со водите не е вечен.Според меѓународното право ваквите договори се ажурираат според хидролошките услови на гранични води на тој начин енергетската криза во Албанија нема да се решава со водите од Охридското езеро за да не се повикава на тој договор од далечната 1956 година “-вели Ѓоко Зороски-инженер за заштита на животната средина.

Охридското езеро е сензитивен систем и никако не смее да се дозволи барем од човечки фактор да се манипулира со минималната кота која изнесува 693.10 сантиметри,укажуваат експертите.И покрај обилните врнежи од дожд деновиве,езерското ниво е на само 8 сантиметри над минимално дозволената кота. Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа.Со изградбата на тој софистициран систем кога нивото на езерото ќе се спушти до критична граница, системот автоматски ќе се затвора дозволувајќи го само биолошкиот минимум кој што му е потребен на живиот свет во Црн Дрим.