Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Штип ќе се отвори првиот Центар за рехабилитација на лица со посебни потреби

Штип ќе биде првиот град во кој ќе се отвори Центар за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип ќе биде првиот град во кој ќе се отвори Центар за рехабилитација на лицата со посебни потреби.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, потврди дека тендерската постапка за преадаптација на дел од просториите во Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ е во тек, а ја реализира ресорното министерство за социјална политика, демографија и млади.

Зоран Мијалков од Здружението „Сплотени срца“ во Штип, воедно и самохран родител на две деца со посебни потреби, вели дека со нетрапении очекуваат да се реализира овој проект. Центарот ќе им овозможи на младинците преку разни терапевтски ативности да стекнат вештини за самостоен и независен живот.

Реклама

Центарот ќе биде сместен во просториите на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, дневно ќе може да згрижува 24 лица и да работи со нив  на подобрување на нивната состојба. 

 -Рана рехабилитација на дечињата, работа со логопеди, дефектолози, физиотерапевти и други стручни луѓе. Многу е важно негуватели, кои пред се ќе ја имат човечката нишка кон овие деца. Многу е важна терапијата да е  преку игра и љубов, рече Мијалков.

Изградбата и опремувањето на Центарот ќе чинат околу 11 милиони денари, 11 % треба да кофинансира општината. Во моментот проектот е во фаза на тендерирање преку Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот Јорданов се надева дека веќе  наредната година, откако просторот ќе се реновира, Центарот ќе биде ставен во функција.

Освен професионалци, во работата на Центарот активно треба да  се вклучат и родителите, а по четири часа, во две смени, да се разделат децата од младинците.

-Нема да може да се опфанат сите, треба да има разбирање од страна на родителите. Во почетокот за да се опфатат сите можеби ќе треба и ден да оди, па два да одмора.Така да биде додека Центарот убаво почне да работи. Меѓутоа и тоа е исчекор, и тоа е помош. Некогаш и еден час, за на заболекар да отидеш ти е многу важно да знаеш каде ти е детето и дека е згрижено и некој со него работи, изјави  Мијалков.

Освен отворањето на Центарот за рехбилитација, во блиска иднина се планира и отворање на Центар за младинци. Во него ќе можат да се вклучат сите граѓани, како и пензионери кои со своите вештини и искуства би можеле да го збогатат животот на децата и младинците со попречености.  Особено место тука би имале пензионерите музичари, уметници, спортисти, логопеди.

Градоначалникот на Штип, Јорданов, информираше дека за земјиштето за Центарот за младинци, кој ќе се гради на градежна парцела меѓу населбите Железничка и Пребег, во тек е процесот на експропријација, бидејќи се јавиле тројца сопственици на дел од земјиштето. Еден од нив ја обжалил сумата, и сега се чека одлука од судската власт за висина за експропријација на неговиот дел од земјиштето. Веднаш кога ќе заврши оваа постапка, општината ќе им го додели земјиштето во сопсптвеност на Здружението „Сплотени срца“, а родителите ќе можат да ја почнат и постапката за изградба на овој Центар.