Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната ставка на инфлација оваа година да заврши меѓу три и пол и четири проценти, што, според него, е едно од најниските во Европа и во регионот. Истовремено тој изрази очекување дека следната година нивото на инфлација ќе се движи меѓу 2 и 3 проценти.

Од друга страна, премиерот изрази очекување растот на бруто-домашниот производ да биде реален над три и пол проценти, а номинален над седум и пол проценти.

– Мерките се случуваат. Цело ова време се случуваат мерките, и сето тоа во одредени месеци влијае позитивно. Сега очекувам во октомври можеби да се движиме помеѓу четири и четири и половина проценти, вчера кажав, поради ниското ниво минатата година во октомври месец. Тогаш се сеќавате ги аплициравме оние мерки за замрзнување на маржите и слично. Но, потоа очекувам пристојно намалување во ноември и во декември, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи поврзани со проектот Градски воз.

Реклама

Според него, Владата се стреми да се приближи кон целта до крајот на мандатот да има БДП од 20 милијарди долари.

-Таа бројка ќе ја стигнеме веќе следната година. И оваа година за првпат, во номиналниот бруто-домашен производ по глава на жител, ќе имаме петоцифрена бројка во долари по глава на жител, односно над 10 илјади долари ќе биде БДП по глава на жител. Така што, стратешките цели кои ги планиравме за крајот на мандатот на оваа Влада, ние ќе ги реализираме следната година, истакна Мицкоски.

За него, како што рече, тоа е добро и охрабрувачки и тоа е практично дел од Извештајот за напредок на земјава на Европската комисија.

– Но, исто така, сите меѓународни финансиски институции ги нивелираат и ги зголемуваат прогнозите и проекциите за раст на економијата во државата, додаде премиерот Мицкоски.