Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Случај „Веапоска“: Една година и седум месеци не е одржано рочиште

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег, матка и јајник – и овој пат поради адвокатот на екс директорот на струшката болница Мухамед Асани кој два дена по ред имал други неодложни судења. Веапоска уморна и гневна од бесконечното одложување на рочиштата и одолговлекување на судскиот процес кој налегува во четврата година откака почна,а постои опасност да застари,најавува протест пред основиот суд во Струга кој ќе трае секој ден од 8 до 16 часот,се додека не заврши судењето и не се донесе пресуда.

Поддршка очекувам од целиот наш народ, од Дебар, од моите сограѓани и од цела Македонија.Од народот, а не од институциите затоа што вака талкам 5 години по овие судски врати и правдата не можам да си ја добијам. Со сите докази,со вештачења и да застари ова дело е срамно и за нашата држава и за судот и за сите нас вели родилката Јилдиз Веапоска

Од април 2024-та до сега е одржано само едно рочиште,што значи година и седум  месеци се наоѓаат изговори и причини за одлагање. Ова не е адвокатски начин на одбрана и нивниот единствен излез е застареност на делото,вели адвокатот на Веапоска.

Реклама

Во последните неколку одлагања одбраната на обвинетиот тврди дека имале притворски предмети.Овој начин ми укажува дека или сите клиенти на тие бранители се во притвор, што не укажува за нивниот квалитет на одбрана или пак целокупниот криминал во Западна Македонија се наоѓа на притворските одделенија во Битола и Скопје вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Судијата кој што го води предметот уверува дека нема да дозволи да застари делото и дека рочиштата ќе ги закажува ден за ден се додека не се одржат.

 “Овдека е загрижувачки тоа што цело време  во барањата на одбраната се потенцира дека другите предмети се приоритетни, дека се итни за кои што се бара одлагање, се заборава дека и овој предмет исто така е итен бидејќи прети опасност од застареност.И токму поради тоа е донесена одлука цело време расправата да се одложува за секој нареден работен ден како што е предвидено во ЗКП”- вели судијата Јордан Јованов

На  рочиштето закажано за в понеделник ако повторно не се појави првообвинетиот екс директор на струшката болница  Мухамед Асани ,ќе биде донесен со полициска асистенција. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Мухамед Асани,неговите син Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска се теретат за тешки дела против здравјето на луѓето.