Реклама
Прилози

Започна генералката на Скопје — улиците видливо почисти

Големата генералка на Скопје е во полн ек. Над 100 оперативни возила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големата генералка на Скопје е во полн ек. Над 100 оперативни возила и 800 работници од синоќа со метли и црева за водa во рацете, во текот на вечерта и утрината ги чистеа улиците, тротоарите и јавните површини низ сите делови на Скопје. Беше опфатено секое ќоше. Главниот град утрово се разбуди почист, посвеж и поуреден. Акцијата која ја спроведуваат екипите на „Комунална хигиена“ од Град Скопје, со помош на механизација и работници која дојде и од скопските општини, но и од општините од внатрешноста на Македонија, се спроведува низ сите делови на метрополата. Од изутрината сликата е многу поразлична од она што беше. Во Бутел општинските работници ги чистеа улиците и контејнерите, а во Центар, плоштадот беше целосно измиен. Со багер се чистеа и скалите на кејот покрај Вардар. Испразнети беа контејнерите и во Аеродром, Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров. Само во Чаир на дел од местата можеше да се види ѓубре во некои од контејнерите. Стартуваше и расчистувањето на депонијата „Вардариште“, за која градоначалникот Ѓорѓиевски вети дека ќе ја претвори во парк. Граѓаните веќе ја чувствуваат разликата.

На првата конститутивна седница на Советот на Градот, Ѓорѓиевски вели дека заврши времето кога Скопје беше град на депонијата, а чистењето на градот нема да биде само во период од 72 часа, туку ќе продолжи во континуитет секој ден.

„Она што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака, се, се може. Тоа е наша обврска а за тоа граѓаните не плаќаат. Чистиот воздух многу зелени површини и решение за отпадот се тмелите на еден здрав град“, изјави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

Градските служби најавуваат дека оваа акција е само почеток и дека ќе се воспостави редовен систем за чистење, со цел Скопје да остане уреден и чист град. Ѓорѓиевски повтори дека целта му е од Скопје да создаде град кој ќе биде пример за чистота, ред, транспарентност и современ урбан развој, град во кој граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, гордо и рамноправно.