Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Потпишан договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија

Во Ѓуешево Бугарија конечно беше потпишан договор за Македонија и Бугарија заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Ѓуешево Бугарија конечно беше потпишан договор за Македонија и Бугарија заеднички да го градат меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8. Параф на документот ставија вицепремиерот Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов. На железничката станица во Ѓуешево, Караџов дојде со воз да го пречека Николоски. Тие се согласија дека изградбата на тунелот ќе значи многу за подобрување на меѓусебните политички и економски односи и  ќе значи многу не само за зголемување на трговијата, туку и од безбедносен аспект кога е во прашање НАТО алијансата. Тунелот од граничниот премин Деве Баир до преминот Ѓуешево ќе биде долг 2,4 километри, од кои половина се на македонска страна, а половина на бугарска страна. Во наредниот период работни групи од двете држави ќе ги утврдат деталите и условите за распишување на меѓународен тендер за избор на изведувач на градежните работи. Проектот во целост ќе биде финансиран од Европската Комисија. 

Забрзуваат работите на пругата од бугарска страна. Караџов информира дека Бугарија ќе потроши 1,2 милијарди евра за изградба и реконструкција на 4 делници долж Коридорот 8: од граница до Ѓуешево, од Ѓуешево до Ќустендил, од Ќустендил до Перник и од Перник до Софија.

Од Европската Комисија се задоволни што согласноста за заедничка изградба на железничкиот тунел постигната во Брисел се преточува во конкретен договор.

Реклама

Железничкиот дел од Коридорот 8 во Македонија се гради во три фази. Првата од Куманово до Бељаковце беше пуштена во употреба во јануари годинава. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се гради и треба да финишира во октомври 2026та. Николоски вели дека има проблеми со изведувачот, но дека се надева дека тие ќе се решат. Третата фаза од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир е најпредизвикувсчка за изградба поради непристапноста на теренот. До декември треба да биде распишан тендер за избор на изведувач на градежните работи. Вкупната сума за изградба на железницата долж Коридорот 8 во Македонија ќе изнесува најмалку 810 милиони евра.