Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Подготвен Предлог-закон за социјални претпријатија, следната година се очекува да биде донесен

Подготвен е Предлог-закон за социјални претпријатија кој ќе биде доставен до Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подготвен е Предлог-закон за социјални претпријатија кој ќе биде доставен до Владата, а во првата половина од следната година се очекува да ја помине собраниската процедура и да биде усвоен. 

Целта на законот е да се создаде правна, институционална и финансиска рамка за развој на социјалните претпријатија и да им се помогне на младите да станат активни чинители во општеството. 

– Законот е многу важен бидјеќи ги препознава сите ранливи категории, а особено младите до 29 години, самохраните родители, лицата со попреченост и другите ранливи категории како учесници и двигатели на промените во општеството. Сите овие категории на граѓани ќе имаат отворена врата за да отворат социјалните претпријатија, изјави денеска заменик -министерот за труд и социјална политика Фатмир Сабриу пред почетокот на форумот за социјално претприемништво што се одржува во Скопје. 

Реклама

Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO)

Преку проектот RISE поддржани се 850 млади лица од Западен Балкан од 2019 година досега. Од нив, 135 тимови се финансиски поддржани со по две илјади евра за да ја развијат својата идеја во бизнис. Има е еден тим од Македонија кој веќе развива успешна бизнис приказна и кој ќе добие уште пет илјади евра финансиска поддршка за да го доразвие бизнисот и да се регионализира. 

– Проектот RISE, кој трае од 2019 година досега има цел да ги поддржи младите претприемачи од целиот регион на Западен Балкан не само со финансиски средства, туку и со целосно менторска поддршка. Од 2019 година досега имаме поддржано над 850 млади кои биле вклучени во програмата, а со грантови од две илјади евра се поддржани 135 тимови на млади. Тоа беше иницијална поддршка, а подоцна со менторите ги поддржувавме и сега најголем дел од нив се успешни. На овој настан ја даваме и наградата на тим кој е избран од Македоија како успешна приказна и нив со дополнителни пет илјади евра им помагаме да го доразвијат бизниот и да го регионализираат,  да продолжат со својата мисија, изјави Владимир Ѓорѓевски, директор на локалната подружница на RYCO во Скопје.