Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и поднесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против лице осомничено за разбојничка кражба, казниво по член 238 став 1 од Кривичниот законик.

Како што е наведено во соопштението на Јавното обвинителство на Македонија, осомничениот на 19 октомври со цигла го скршил стаклото од прозорецот на спалната соба во куќа на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, потоа влегол во куќата, пребарувал низ просториите и одзел 1.580 евра и 2.000 денари.

Во моментот кога се обидел да го напушти местото, сопственикот на куќата го затекнал и се обидел да го спречи, но осомничениот физички го нападнал и го турнал во грмушките во дворот, по што избегал од местото на настанот.

Реклама

Обвинителството предложило мерка притвор поради постоење опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетениот, како и ризик од повторување на делото.