Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Полицијата и УГД со заедничка акција за олеснување на престојот на турските студенти

Полицијата и штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ со заедничка стратегија  за полесна легализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата и штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ со заедничка стратегија  за полесна легализација на престојот за турските студенти. Дел од нив се соочуваат со административни тешкотии и недоволна информираност, поради што не можат да го регулираат својот престој.

„Од оваа година веќе нема долги чекања како претходните години. Лани имаше, но годинава благодарение на Полицијата, веќе се преземат конкретни чекори и сега секој ден веќе ги примаат документите и ги решаваат во најкус рок„ изјави проф. д-р Махмут Челик.

Само минатата година, поради тоа што не успеале да ги средат документите за престој,  од Македонија, во Турција,  се депортирани околу четириесеттина студенти.

Реклама

„Некој се откажаа од студирање поради тоа што не добиле престој и биле депортирани. Се надевам дека тие студенти повторно ќе се вратат и ќе студираат кај нас, бидејќи знаете дека треба да останат три месеци надвор од Република Македонија„ изјави проф. Махмут Челик.

Во моментот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ има околу 500студенти од Турција. Најголем дел од нив студираат на Факултетот за медицински науки.