Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Пријава до финансова полиција за злоупотреби и долгови во ЈСП

Пријавата од Синдикатот на ЈСП за сомнежи за сторени низа кривични дела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пријавата од Синдикатот на ЈСП за сомнежи за сторени низа кривични дела од претходното и сегашно раководство на претпријатието стигна до Финансова полиција. Од синдикатот бараат итно чешлање на книговодството и ревизија на работењето на раководството, за кое што како што тврдат – со години наназад врши злоупотреба и го турка претпријатието во долгови.

„2021 па наваму имаме поднесено дури 3 кривични пријави во ОЈО во кои сите тие се завршени во фиока. Но сега во овој момент ќе ги искористиме тие како факти односно докази кај финансовата полиција за да се расчистат многу работи кои се работат во ЈСП“, изјави Елизабета Тошевска, претседател на синдикалната организација на СПАЈС при ЈСП Скопје.

Финансова е на потег, а од обвинителство одговорија дека за една од кривичните пријави во 2021 година година кога исто биле обелоденети сомнежите за наплаќани фактури за нафта и делови кои воопшто не постоеле се постапило. Дека биле поднесени обвиненија против три лица и дека во моментов се води судска постапка

Реклама

„Нафтата е требувана за автобуси кои не постојат, требувана е нафта во прекумерни количини која што не може претпријатието да ја плати, па потоа се јавуваат и други тужби од страна на добавувачите, а и претходно имало наводно требувано нафта која воопшто не постоела, не е требувана а е фактурирана. Исто е и за резервните делови, се требувани резервни делови за хаворисани автобуси и автобуси кои не се пуштени во циркулација во сообраќај“, изјави адвокатот на СПАЈС, Кристијан Мицевски.

Јавното сообраќајно претпријатие во време на владеењето на доскорешната градоначалничка Арсовска потона во долгови: граѓаните чекаат со часови полуисправни автобуси на автобуските постојки, а  возачите и вработените во претпријатието постојано се подложни на притисоци и опструкции од раководството.