Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевска – Русопулос: Заедно постоиме, но отуѓени се распаѓаме

Шефицата на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шефицата на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Марија Петрушевска и членовите Бисера Костадиновска-Стојчевска, Сања Лукаревска и Беким Ќоку, денеска оствариле средба со Теодорос Русопулос, претседателот на ПССЕ.

Како што информираат од осбраниската прес-служба, Петрушевска изразила чест и задоволство од посетата на Русопулос, особено во време кога ја прославуваме 30-годишнината од нашето членство во Советот на Европа, процес преку кој во 1995 година започна европската интеграција на нашата држава.

Таа истакнала дека ние остануваме посветени во исполнување на нашата стратешка и заедничка цел – членството во ЕУ, бидејќи европската интеграција е повеќе од индивидуално членство, таа значи интеграција на нашите вредности и цели, обединети под паролата „заедно постоиме, но отуѓени се распаѓаме“.

Реклама

Со цел поголема видливост на работата на Советот, претседателот на ПССЕ, Русопулос ја споделил иницијативата која  до земјите членки е веќе упатена, барање до министерствата за образование за воведување на еден час годишно во училиштата за запознавање и приближување на работата на Советот, што било поздравено и од македонска страна. Исто така, соговорниците размениле мислења во однос на руско-украинската војна, каде што Петрушевска посочила дека е особено горда бидејќи бевме прв парламент кој ја усвои Резолуцијата за осуда на руската агресија врз Украина и како држава сме целосно инволвирани во воена и хуманитарна поддршка на Украина.

Како што се наведува во соопштението од Собрание, присутните биле согласни дека досега се остварени значајни резултати во почитувањето на човековите права и слободи, како и во доследна примена на принципите, целите и високи стандарди на оваа организација.

Во рамки на својата официјална посета, Русопулос оставрил средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што следуваше и обраќање пред пратениците на 69. собраниска седница.