Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Кичево ги проби етничките бариери: Јовановски ги обедини Македонците и Албанците за да запре дивеењето на Дехари

После 12 години Кичево доби градоначалник кој не припаѓа на доминантното етничко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 12 години Кичево доби градоначалник кој не припаѓа на доминантното етничко мнозинство, но успеа да ги сплоти сите граѓани. Доктор Александар Јовановски ги надмина етничките бариери и го симна од власт Фатмир Дехари кој три мандати раководеше со Кичево.Тој доживеа пораз,не му помогнаа нити полните автобуси и авиони со нашинци од дијаспората. Кичево е мултиетнички град, граѓаните овојпат се обединија околу заедничките вредности-велат кичевчани,кои од новиот градоначалник очекуваат светла иднина.

Анкета :Алал да му е што избра граѓанска опција,а не партиска и затоа граѓаните излегоа и му ја дадоа поддршката. Кичево остана слепо црево до сега со сега градоначалници,очекувам да го среди градот.-Како личност добар е, затоа сите граѓани го сакаме.Што треба да направи за Кичево? За младите да има запослување, младите да не ни бегаат странство.-Патишта, улици да се направат, инфраструктурата да се поправи, да има повеќе вработувања,младите да не ни бегаат, економијата да се зголем.- 4.Не гледаше тој ни муслимани ни христијани сите заедно не обедини.Од него очекуваме многу.-Изминативе 12 години беше башибозик со шерифи низ градот кои правеа се што нема смисла да се прави.Се надевам, сите се надеваме дека  светла идина ќе има Кичево и заслужува да има и да биде пример за цела Македонија

На синоќешната прослава во победнички амбиент на општо задоволство на сите, се пееше македонската химна,а присуствуваше и премиерот Мицкоски.Ова е наша заедничка држава и и заедно ќе си ја градиме,лошите денови се минато,потрача премиерот честитајќи му ја победата на Јовановски.

Реклама

 Тоа е веќе минато,заборавено минато кое што никогаш нема да му се повтори на овој наш преубав заеднички град Кичево.А ние како влада заедно со него ќе сториме се што можеме и се што е во наша моќ да реализираме многу проекти кои што ќе значат подобар живот за кичевчани и модерно поубаво Кичево”- рече премиерот Христијан Мицкоски

Кичево е интересна средина вокоја се испреплетени многу култури, вери и нации затоа сме богати истакна новиот градоначаник на Кичево,кој на граѓаните им вети убав живот.

Ми го наполнивте срцево со тоа што ми ја дадовте довербата,не гласавте за мене како за македонец,гласавте за мене како за човек кој ќе ви пружи подобра иднина.Никаква нема да правам етничка, политичка нити пак верска разлика,ние сме сите кичевчани,живееме тука со векови и сакаме да ни е убаво”-рече  Александар Јовановски-градоначаник на Кичево

Јовановски ја однесе победата во вториот круг со разлика од 2020 гласови предонос во однос на Фатмир Дехари.