Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Избори 2025-та ќе бидат запаметени како едни од најдобро организираните и најтранспарентни избори досега

Најмирни, најфер и најдемократски избори кои досега ги имала Македонија — Историјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмирни, најфер и најдемократски избори кои досега ги имала Македонија — Историјата не памети подобро организирани избори, од овие годинава. Изборниот ден во вториот круг, како и во првиот, помина без притисоци, без насилство и без тензии. Во мирна атмосфера, со навремено отворени гласачки места и добро координирана работа на институциите. За познавачите, ваквиот тек на настаните е доказ дека Македонија има зрелост и капацитет да организира фер и демократски избори по европски терк. За поранешниот началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски, и обидите на одредени центри на моќ за некаква дестабилизација за време на кампањата беа елиминирани, а вчерашниот ден е доказ дека институциите функционираат во полн капацитет.

„Пред изборите за време на кампањата во вториот изборен круг нели имавме еден поголем безбедносен ризик со оние дојави за лажни поставени експлозивни направи во училиштата во Куманово и Скопје…но мислам дека сите безбедносни експерти посебно министерството за внатрешни работи беа добро екипирани ги испланираа сите потребни мерки за едно успешно безбедно и најфункционално одвивање на овие избори“, изјави Љубомир Ѓурчевски поранешен началник на МВР.

Македонија низ годините мина низ бројни изборни процеси обележани со инциденти и насилства. Во деведесетите кога Македонија сè уште беше млада демократија јавноста беше сведок на тепачки, полнење кутии и валкани кампањи. Но овој пат, сликата од изборниот ден беше сосема поинаква.

Реклама

„Па видете имаше и пукање имавме и жртви на избори ако се вратиме 98 година мислам дека беше во основното училиште „Даме Груев“, имавме разноразни тепачки и кршења на кутии, значи секогаш за време на избори сме имале валкани кампањи Мислам дека од година во година зрееме, и граѓаните и политичките партии, во тоа што значи демократско издигнување“, изјави Љубомир Ѓурчевски поранешен началник на МВР.

И МВР и Државната изборна комисија потврдија дека Изборниот процес се одвивал без сериозни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир. Во текот на денот беа евидентирани и неколку привремени прекини на гласањето поради технички проблеми со апаратите за идентификација, но и тие беа навреме решени.