Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Неопходно е прочистување на листата на здравствени осигуреници – став на лекарите

Конечно ќе се стави ред во Македонија , кој може бесплатно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно ќе се стави ред во Македонија , кој може бесплатно да се лекува, а кој не.  Со заострувањето на критерииумите за право на здравствено осигурување и ревизијата кои се најавуваат од страна на надлежните,  ќе се спречат злоупотребите кои не оштетуваат сите, велат лекарите.

„Ова не оштетува сите нас, го оштетува буџетот на фондот пред се, а од фондот зависиме сите ние кој што сме осигуреници во истиот. Имаме осигуреници кој што се водат како невработени , а остваруваат приход дополнителен, сериозен дополнителен приход, приход кој што е условно кажан во сива економија, никаде не се води а се водат како невработени и ги користат истите бенефити кој што би ги користел јас или вие“, изјави Др. Бојан Трајковски, претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Прочистувањето на листата на осигуреници и новите критериуми, следуваат по алармантните податоци споделени со јавноста дека во земјава има помалку жители, отколку здравствени осигуреници.

Реклама

А оние кои имаат право на бесплатно лекување, имаат право и на подостапна терапија, велат лекарите.  Голем дел од пациентите користат лекови против згрутчување на крвта која ја купуваат во аптеките, а потоа бараат рефундација на средтсва од државата. Но веќе од крајот на месецов работите ќе бидат поинакви. Клексан ќе може да се земе само со рецепт во аптека, што според лекарската фела е големо олеснување за трудниците, хронично болните и за сите граѓани кои користат ваква терапија постоперативно.

„Дефинитивно ќе биде големо олеснување, пред се нас лекарите ќе не поштеди од папирологија која што требаше да ја спремаме од тип на потврди и разни други копии на извештаи кои што требаше да ги обезбедуваме на самите пациенти, а воедно ќе ги спаси и пациентите од континуираното одење во Фондот за здравство, но секако и службите во фондот за здравство ќе видат олеснување бидејќи нема да имаат еден куп барања каде што ќе има потреба од рефундација на сретствата“ изјави Др. Трајковски.

Дополнително лекарите  предлагаат да се направат  и промени во делот на плаќањето. Мора да има ревидирање, како што велат тие, според ризикот со кој се соочуват пример пушачите. Трајковски е со став дека пушачите и непушачите не може да плаќаат исто за лекување.