Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Македонска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Македонска Каменица ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела, во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека секој глас е важен и дека останувањето дома значи дозволување некој друг да одлучува за иднината.

Мицкоски истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигнала историски резултат во првиот изборен круг, освојувајќи мнозинство советнички листи во 58 општини и во Град Скопје – вкупно 59 општини. Според него, веќе се избрани 33 градоначалници, а во вториот круг ќе се натпреваруваат уште 26 кандидати од коалицијата.

– Во две општини противкандидатите веќе се откажаа, што значи дека таму победата е извесна. Од останатите 24 општини очекувам сите наши кандидати да победат и да станат градоначалници. Со тоа, заедно со победата на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, ќе ја заокружиме бројката од 60 градоначалници – историски резултат што никогаш досега не бил постигнат во Македонија, изјави Мицкоски.

Реклама

Тој се заблагодари на сите граѓани кои излегле и гласале во првиот круг и упати апел до сите кои сè уште се двоумат да го искористат своето право на глас в недела.

– Гледаме дека има наши граѓани кои со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од западноевропските земји за да гласаат во места како Брвеница и Кичево. Истовремено, има наши сограѓани кои остануваат дома мислејќи дека така ќе испратат порака или револт. Но, со тоа само дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина, порача Мицкоски, додавајќи дека неговата порака е сите масовно да излезат и да гласаат за бројот 9 – кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче, за градоначалник на Македонска Каменица.

Премиерот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија и коалиција се бори подеднакво за секоја општина и за секој граѓанин, а тоа, како што рече, го покажале и во изминатите 16 месеци од владеењето.

– Ние се бориме за секоја општина, за секој човек и за секој метар квадратен од македонската територија. Тоа го покажавме како Влада и така ќе биде и во овој втор круг. Убеден сум дека в недела заеднички ќе испишеме уште една историја што досега не се случила во Македонија, потенцираше Мицкоски.

Митингот во Македонска Каменица е дел од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.