Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

Кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци биле поднесени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци биле поднесени од страна на полицијата,  под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, потврдија попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Оттаму информираа дека денеска ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднел кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. 

-Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето. Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги. На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги, појаснија од СВР Велес.