Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски ја затвори кампањата во Центар и повика на масовна излезност во недела за темелни промени во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја затвори кампањата за вториот изборен круг со средба со граѓаните во Центар.

– Денеска ја финишираме кампањата од овој втор круг, од овде во Центар, каде со центарци ќе имаме можност да поразговараме за сите оние потешкотии и проблеми со кои се соочуваат. Оваа кампања беше можност да се сретнам со граѓаните, не само во Центар, не само во Кисела Вода, туку со граѓаните од цело наше Скопје и да ги видиме проблемите со кои што реално сите живееме години наназад, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека низ кампањата имал можност да ги чуе проблемите на граѓаните поврзани со нефункционалноста на јавните претпријатија и со бројни проекти кои, како што рече, со децении чекаат реализација.

Реклама

– Проблеми со нефункционалноста на јавните претпријатија, проекти кои што повеќе децении чекаат да бидат реализирани, но не само проектите, туку и граѓаните ги очекуваат сите нив. Понудивме и нов концепт и стратегија со која што Скопје заеднички ќе го менуваме наредните четири години. Среќен сум што Скопје е конечно будно, што скопјани се будни и спремни за промени, не само во Скопје, туку и овде во Центар, каде што верувам дека јасно и недвосмислено Лабудовиќ ќе ја добие поддршката од нашите сограѓани, изјави Ѓорѓиевски.

Повика на масовна излезност во вториот изборен круг во недела, нагласувајќи дека „од понеделник ќе ги засукаме ракавите и ќе започнеме со темелни промени во нашиот главен град“.

– Повикувам на масовна излезност во недела, на масовна референдумска излезност од нашите сограѓани, што е можно во поголем број да излезат, а од понеделник ги засукуваме ракавите и започнуваме со темелни промени во нашиот главен град, рече Ѓорѓиевски.