Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Амбасадата на Шведска повторно отвара конкурс за „Амбасадорка на еден ден“

Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден 2025/26“, на која може да се пријават девојки на возраст над 15 години, кои се грижат за родовата еднаквост, за еднакви можности за жените и девојките и кои сакаат да направат промена.

-Од кандидатката се очекува да го следи амбасадорот во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата. На крајот од работниот ден, ќе даде краток извештај за работата што ја завршил. Работа ќе започне во 08:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот, стои во соопштението на шведската Амбасада во земјава.

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи – кратко мотивациско писмо (најмногу 250 зборови) објаснувајќи зошто сте заинтересирани за позицијата; кратка биографија каде што посочувате што правите, кои се вашите интереси и кои активности сте ги презеле за да го промовирате или подобрите животот на заедницата во која живеете. Тоа може да биде акција во која сте иницирале или сте учествувале, која промовира еднаквост помеѓу девојчињата и момчињата, обезбедува помош за стари лица или загрозени лица, грижа за животната средина, итн.; Две препораки (најмногу 1-2 параграфи) од некој што добро ве познава и може да ве препорача за оваа позиција. Ова може да биде вашиот учител или наставник или секој што ве познава добро и ве видел во акција. Писмена согласност од вашите родители/ законски старатели (за девојчиња на возраст од 15-18 години)“, стои во повикот, појаснуваат од Амбасадата.

Реклама

Крајниот рок за сите апликации 10 ноември до 23:59ч, а пријавувањето се прави преку е-пошта на: [email protected] со наведување: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver за „Амбасадорка на еден ден 2025/26“.

Од Амбасадата додаваат дека информациите за резултатите од конкурсот ќе им бидат доделени на сите апликанти до крајот на ноември 2025 година, на е-поштата наведена во апликацијата. Успешната кандидатка ќе ги извршува своите должности како „Амбасадорка за еден ден“ на датум што заеднички ќе биде договорен.

-#GirlsTakeOver е глобална иницијатива, според која девојките ширум светот заземаат позиции на моќ по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 октомври. Шведското Министерство за надворешни работи и многу шведски амбасади ширум светот учествуваат во иницијативата, наведуваат од Амбасадата.

Повеќе информации може да се најдат на веб страницата на Амбасадата на Шведска : Vacancy Announcement: “#GirlsTakeOver 2025/26: Ambassador for a Day” – Sweden Abroad.