Водно, Кале, Градскиот парк и подземниот булевар кај Лимак. Ако Орце Ѓоргиевски го фати кормилото на метрополата, тој ветува дека Скопјани ќе живеат без собраќаен хаос и ќе уживаат во уредени места за рекреација.
Патеките на Водно, зеленилото во Градскиот парк, Скопското Кале се местата каде Ѓоргиевски често оди.
Тој планира уредување на патеките, нова урбана опрема и културни настани што ќе ја направат тврдината вистинска туристичка точка, а не заборавен дел од градот зашто, како што вели, таа е симболот на Скопје.

За него, освен планинските патеки на Водно, душата на градот ја прават и дебелите дрвја во Градскиот парк. И она што најмногу му пречи е ѓубрето и нечистотијата. Многупати досега има изјавено дека Скопје го чека генералка, уште првиот ден откако ќе влезе во градската зграда.
И не е се само чистите улици, парковите и зеленилото. Омилен проект кој според него е најреален од целата пргорама е подземниот булевар и кружните текови кај Лимак/. Ѓоргиевски вели, тоа е првиот проект за кој ќе се фатам да работам. Два дена пред изборите, тој им се заблагодари на поддржувачите и побара поддршка од граѓаните, за да може Скопје да го направи како модерен, зелен и поврзан град.
Ѓоргиевски планира воведување електрични автобуси. Дел од визијата се и нови велосипедски и пешачки линии кои ќе овозможат побезбедно и поудобно движење низ Скопје.
Посебен акцент ставa на приградските населби каде што сè уште недостасува основна инфраструктура. Најавува решавање на проблемите со фекалната канализација, водоводот и уличното осветлување, со цел сите граѓани да имаат еднаков квалитет на живот.
Тој е роден е израснат во Драчево. Завршил средно медицинско училиште отсек лаборант. Дипломирал на Правниот факултет, политички студии. Во периодот од 2017-2021 година беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кисела Вода, а потоа стана и градоначалник на истата општина. Ѓорѓиевски е во политичките води уште од 22005 како член на УМС на Вмро Дпмне.
