Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Мециновиќ: Во вториот круг системот може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

„По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, се вели во соопштението на Левица. 

,,Ова е класна борба. Класна борба кога имаш две спротивставени страни кои се потполно различни. Една која е наоружана со сите капацитети на државата и друга која сака да се ослободи од тие притисоци”, потенцира Мециновиќ.

Тој додава дека во оваа кампања ги видовме сите можни лични напади, фабрикации, измислици, притисоци кои можевме да ги замислиме. 

Реклама

,,И зошто мислите дека за прв пат се случува вакво нешто во кампања? Тоа е затоа што за првпат после триесет и пет години им го оспоруваме статус-квото”, појаснува тој.