Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

ЈО: Обвинение за обид за изнуда и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Неготино

Основното јавно обвинителство – Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство – Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице, осомничено за кривични дела – „изнуда“ од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, информираат денеска од Јавното обвинителство на Македонија.

– Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, обвинетиот на 2 септември упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на оштетениот – градоначалник на општина Неготино и неговото семејство, обидувајќи се да му изнуди сума од 3.000 евра. Оштетениот не постапил по барањето и случајот го пријавил во полиција, појаснуваат оттаму.

Во периодот од 04.09-18.09, како што додаваат, обвинетиот испраќал заканувачки пораки до градоначалникот со намера да го вознемири и заплаши, а дел од пораките ги адресирал и до официјалната адреса на општината, до адреси во МВР и до новинари. Со тоа, како што истакнуваат, кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и за сопствената, но и за безбедноста на неговото семејство и за безбедноста на граѓаните на Неготино.

Реклама

– Надлежниот јавен обвинител со обвинението побара продолжување на претходно определената мерка – притвор за обвинетиот, за кој постои реален ризик од бегство, бидејќи дел од неговото семејство живее во странство. Исто така, постојат околности што укажуваат на опасноста тој да го повторува делото, па дури и да ги реализира заканите и изнудата. Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека истото лице веќе е осудено за кривични дела присилба и демнење на градоначалникот за кои му е изречена условна осуда и која обвинителството ќе побара да биде отповикана, бидејќи сѐ уште не е поминат периодот на проверка, а обвинетиот врши нови кривични дела, потенцираат од Јавното обвинителство.