Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага, се вели во соопштението од Општина Центар. 

„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.

Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран.

Реклама

„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.