Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Прилози

Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Прес-конференција на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева: „Стевчо Јакимовски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева:

„Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што се обидуваше Стевче да протурка овде во Влае.

Фирмата „Аполо Инженеринг“ преку процес на приватизација дооформиле парцела во Влае, во склоп на тоа и улица, каде претходно Стевчо Јакимовски уцртал маркица за зграда.

Реклама

Во решението за приватизација пишува дека „Аполо Инженеринг“ доставиле два геодетски елаборати во пропратната документација за приватизација. Точниот датум кога се доставени елаборатите не е наведeн, но може да се види дека се изработени по донесување на Деталниот урбанистички план (ДУП). Едниот е изработен кон крајот на 2016 година, а другиот во 2017. Во оној од 2016 е наведено дека парцелите за кои се бара приватизација се дел од градежна парцела предвидена во планот, додека пак во оној од 2017 година се другите катастарски парцели кои ја сочинуваат градежната парцела.

Една од парцелите за кои „Аполо Инженеринг“ побарале приватизација е дел од улицата Есперанто овде пред Кино Влае.

За приватизацијата „Аполо Инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен или нешто повеќе од 3.500 евра затоа што добила намалување на цената за 35%. Неколку месеци по приватизацијата компанијата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски кој е сопственик на „Аполо Инженеринг“. Во купопродажниот договор наведено е дека имотот е продаден за цена од 2.950.000 денари со вклучен ДДВ.

ДУП-от за Влае иако беше укинат од Уставниот суд откако Стевче Јакимовски повторно дојде на местото градоначалник во 2021 година, тој го стави ДУП за Влае со две планирани висококатници повторно во процедура.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Стевчо Јакимовски продолжува да ја турка бетонизацијата во Влае со сите сили. Затоа треба да се стави крај на ваквото делување, во недела на 2 ноември, со заокружување на бројот 9, за Сотир Лукровски.“