Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Дупка до дупка и хаос – клучката кај Момин Поток и патот кон Визбегово ги кинат нервите и гумите на возачите

Долги колони, автомобилски свирежи, метеж, и главоболки за возачите. Со години клучката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долги колони, автомобилски свирежи, метеж, и главоболки за возачите. Со години клучката кај Качанички пат кон Визбегово е место каде се случува сообраќаен хаос. Возачите кои редовно возат по овој пат, велат дека речиси е невозможно да се избегнат дупките, некои со големина на мали кратери, и да не ги оштетат гумите и амортизерите на автомобилите. Системот по кој што функционира овој фреквентен пат, е закрпи една дупка за да се појават три нови.

Собраќајниот хаос е најзабележителен во утринските часови, кога сите се обидуваат да стигнат на работа во индустриската зона Визбегово. Вистински предизвик за околу 20 илјади возачи на автомобили, околу две илајди камионџии, и 150-тина автобуси, колку што во просек, дневно, минуваат по овој пат. Проблем се и тесните свиоци, особено оние преку кои се приклучуваат од булеварот 8-ми септември на Качанички пат.                               

Ова е патот за Визбегово, место кое им задава маки на возачите одамна, асфалтот е оштетен полн со дупки, а возењето по него е вистински предизвик

Реклама

Проектот за модерен кружен тек беше идеја на градоначалникот Коце Трајановски, а градежните работи започнаа кога татко на градот стана Петре Шилегов. Вкупната инвестиција на проектот беше во износ од 550 милиони денари и требаше да биде готова за само две и пол години, но од тогаш градежните работи се одвиваат бавно и без видлив напредок. А во мандатот на Арсовска, пак, четири години потоа речиси немаше никакво поместување.

Средствата за овој проект во 2021 година беа обезбедени со ребалансот на буџетот, а Шилегов уверуваше дека со тоа ќе се реши еден од најголемите сообраќајни проблеми на северниот влез во Скопје и ќе се создадат услови за понатамошен развој на градот. Но, четири години подоцна ништо од тоа. Празни ветувања, стопирани проекти и уништен пат кој секојдневно ги мачи возачите.