Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Јовановски: Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

Во Кичево се потребни промени кои ќе овозможат нови фабрики и проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кичево се потребни промени кои ќе овозможат нови фабрики и проекти во инфаструктурата, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски. Јовановски рече дека во општината цели 12 години нема напредок и инвестиции и оти треба да го води човек кој ќе се посвети на градот и нема да се води од лични у националистички интереси.

– Актуелниот градоначалник е 12 години тука, во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново, градот ни тоне во мрак, ни тоне во ѓубре, ни тоне во несигурност, да се размисли за кого ќе се даде гласот сепак ова одлучува за иднината на нашите деца а потоа и на нас. Јас сум човек кој сака градот да оди напред. Ни треба човек што сака да работи и што е чесен, човек што ќе се посвети на градот и човек што ќе не води напред,  не човек кој ќе се води по лични интереси, особено не по националистички интереси. Нам ни требаат фабрики, ни требаат инвестиции, ни требаат крупни проекти ви инфраструктура, рече Јовановски.

Тој ги посочи трите приоритетни проблеми што би ги решавал како иден  градоначалник – депонијата во центарот на градот,  кучињата скитници и канализациската мрежа.

Реклама

Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една „претоварна“ станица за отпад во самиот центар на градот и буквално населението ни е отруено не само од миризба. Топ проект ми е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде ќе го дислоцираме, истакна Јовановски.

Втор проект, наведе, е  да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња.

– Имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар и вработување на стручни лица. Институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник  тоа не го реши, посочи Јовановски.

Третиот проблем кој ветува дека ќе го решава е течењето на фекалии. Како пример ја посочи општината Зајас, каде рече, нема канализација, односно две третини не се решени и по асфалтирани улички течат фекалии.