Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Независниот кандидат за градоначалник, Имери: Дебар заслужува чесен и трудољубив човек за градоначалник 

Дебар заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебар заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за градот, општината и за сите жители, човек кој е од збор а не празни ветувања, а тоа сум го докажал до сега во низа случаи, порача независниот кандидат Рамадан Имери на средба со претставници на бизнис заедницата.

– Во програмата имам зацртано реализација на капитални проекти во инфраструктурата во сите населени места во интерес на сите жителите, кои не ги делам по никаква припадност, во образованието, зашто децата заслужуваат подобри услови,  што сум го докажал како раководител на образовни институции, во детската заштита, спортот, културата, рече тој.

Со ваша поддршка и со нашите иселеници кои се докажани претприемачи во САД, Италија, Франција и други земји, додаде Имери, посебно внимание ќе посвети на економскиот развој на општината и ставање крај на иселувањето на младите.

Реклама

На средбата беа разменети мислења и идеи за  соодветно уредување на централното јадро на градот, особено на шеталиштето, каде што се наоѓаат поголемиот дел од трговските објекти и занаетчиски дуќани.

Исто така вети дека ќе го врати стариот сјај, дури и надгради стариот градски пазар.

-Ќе го негувам, како светост она што сме го наследиле од нашите предци а тоа се соживотот и верската толеранција, по што е познат нашиот крај. Она на што ме воспитале моите родители, да се биде човек и да се подели со оној што нема и последниот залак и да му се помогне за се што му е неопходно, порача меѓу другото Имери.

Тој е актуелен директор на дебарската гимназија „28 ноември”, а претходно  на најголемата деветолетка во регионот  „Пенестија” во Дебар.