Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Заменик-министерот Ристески на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“.

Како што информираат од Министерството за економија и труд, конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електро индустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“.

-Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството. Владата и министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој. На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од Унгарскиот кредит, предвидените средтсва од програмите на министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Закон за финансиска поддршка на инвестициите, потенцираше заменик-министерот Ристески.

Реклама

Покрај големиот број на презентации, панели и дебати, во рамки на денешната конференција свои обраќања имале и амбасадорот на Австрија Мартин Памер, директорката на делегацијата на германското стопанство во Македонија Антје Ванделт, извршниот директор на Скопски Саем Даниела Глигоровска, претседателката на Асоцијацијата на метална и електро индустрија Марта Наумовска Грнарова, како и деканот на ФИНКИ Петре Ламески.