Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска

Во Основниот суд Куманово, денеска поради обврски на судијата беше одложено рочиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот суд Куманово, денеска поради обврски на судијата беше одложено рочиштето против 36 годишната Вангелица Илијевска, која, лани во јуни, ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. 

На претходното рочиште одбраната презентираше писмени докази и го задржа правото на дополнителни, за кои судот сè уште се нема произнесено. На наредното судење се очекува да биде исцрпена целата доказна постапка и ќе следуваат завршни зборови.

На претходните рочишта беа сослушани вешти лица психолог, специјалист, психијатри, сведочеа членови на семејството Илијевски, соседи, беа изведени писмени и други докази и на барање на обвинителството и одбраната.

Реклама

На првото рочиште обвинетата Илијевска, кажа дека дејствувала во нужна одбрана. Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека на 13 јуни лани, Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.