Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мециновиќ: Решението за чисто Скопје е политичка волја

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, вечерва упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, вечерва упати серија критики за актуелното управување со градот и за, како што рече, „кампањското чистење“ на Скопје. Мециновиќ ги отфрли наводите за соработка со ДУИ и повика на политичка промена, нагласувајќи дека решението за чисто Скопје е политичка волја. Тој ги охрабри скопјани да излезат да гласаат во недела, и, како што рече „да ја преземат судбината во свои раце“.

-Јас добив 30.000 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене. Вие имате соработка со Мерко во Струга, не – јас. Ја победив Шукова со 2.000 гласа во Аеродром – сигурно не гласал ДУИ за мене, истакна Мециновиќ, во дебатата со кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, Ѓорѓиевски.

Мециновиќ го обвини Ѓорѓиевски за лицемерие во однос на урбанистичките проблеми.

Реклама

-Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите – Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите. Викате не е ваша надлежност да чистите ѓубре, ама е ваша надлежност да отворате Скопски маратон, рече тој.

Во однос на состојбата со јавната хигиена, Мециновиќ рече дека решението за чисто Скопје е политичка волја, а не префрлање вина врз граѓаните.

-Загадувања, муабети домаќинства – доста е. Треба да се прекине да се посочува прстот кон домаќинствата, кон сиромашните, рече тој.

Во завршната порака, Мециновиќ повика на промена и ги охрабри граѓаните да излезат да гласаат.

-Ова е историска прилика. Досега се боревме со политички партии кои ги имаат сите привилегии на нивна страна, ја имаат моќта и институциите, но ние ја имаме љубовта кон нашиот град. Сметам дека треба да прекинеме да бираме како што досега сме бирале, затоа што резултатите се предвидливи – особено за нашата генерација која не може да си дозволи уште 30–40 години да живее во вакви услови. На 2 ноември мора да ја преземеме судбината во сопствени раце. Со еден храбар чекор, кој ќе значи промена на политичките прилики во Македонија, да си го обезбедиме градот во кој сакаме да живееме, порача тој.