Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Општина Карпош со енергетско ефикасни објекти

Уште од 2008 година, Општина Карпош ја реализираше својата визија за трансформација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште од 2008 година, Општина Карпош ја реализираше својата визија за трансформација на локалната заедница, преку примена на меѓународните регулативи и стандарди при изградба на енергетско – ефикасни објекти. Како резултат на преземените мерки и чекори, Карпош во 2009 година беше прогласен за енергетски – најефикасна општина во Македонија. Точно пред 17 години, Карпош беше првата локална самоуправа која во рамки на државата постави фасада на колективен станбен објект со сопствени средства, се вели во соопштението од Општина Карпош, што МИА го објавува интегрално. 

Досега, Општината има поставено енергетски фасади на 64 станбените згради на своја територија, што ја прави неприкосновен лидер во полето на енергетската ефикасност во Македонија и во регионот. Највидливите резултати, Карпош ги оствари преку соработка на проекти со невладината организација Хабитат – Македонија. Според последните надворешни мерења со обична и термовизиска камера кои ги спроведоа стручните служби од невладината Хабитат, на дел од фасадата во населбата Козле, јасно е прикажан ефектот од поставување на енергетско – ефикасната изолација.

Од приложените фотографии се забележува дека делот од фасадата каде има поставено изолација (со сина боја) е студен однадвор, што значи дека внатрешната топлина се задржува во становите и не „бега“ кон надворешниот ѕид. Другиот дел од фасадата каде што не е поставена изолација (со жолто-црвена боја) е потопол однадвор, бидејќи сета топлина се акумулира за тој дел од ѕидот. Токму заради градење на стабилен енергетски „екосистем“ како и поради другите социо – економски фактори, Карпош е една од најпосакуваните општини за живот во нашиот главен град.