Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Рустеми однесен на распит во судот

Директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми заедно со својот раководител Аки Саити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми заедно со својот раководител Аки Саити завршија во Кривичниот суд со лисици на рацете. Обвинителството и официјално ги товари дека со тоа што го оставија Скопје да потоне во ѓубре и да се претвори буквално во депонија, дозволиле ширење на заразни болести и директно го довеле во опасност животот и здравјето на граѓаните. Формално ќе ги гонат за делото загрозување на животната средина со отпад. Локални иснпектори од Министерството за животна средина и експерти од институтот за Јавно здравје на терен ја констатирале катастрофалната состојба во која се наоѓа главниот град.

Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, велат од Јавното обвинителство.  

Засега останува енигма дали истрагата ќе биде проширена и ќе ја опфати и други луѓе. Од МВР и од Обвинителството засега не одговорија директно дали истрагата ќе ја опфати и актуелната градоначалничка Данела Арсовка или и други вработени кои биле надлежни за редовно празнење на контејнерите. Велат – засега пријава има само за овие двајца.

Реклама

Оваа разврска следи откако речиси цел месец контејнерите низ главниот град не се празнеа и речиси сите населби се претвроија во мини депонии за губре, а во некои дури се појави и наезда од глувци и стаорци. 

Комунална хигиена излезе со апсурдно објаснување дека тие редовно го собирале ѓубрето, но не можеле да постигнат затоа што скопјани фрлале премногу отпад. Нивната шефица, градоналаничката Арсовска пак одговараше со политички статуси дека за целиот хаос бил одговорен управниот одбор, но и советот на градот затоа што не и дале пари и дозвола да купува нови возила.

Иако скопје тонеше во смет, директорот Рустеми си склучуваше тендери за редовни сервисирање на возилата и технички прегледи тешки вртоглави милионски суми. Судејќи по потрошшените милиони евра, Скопје требаше да блеска и да биде исчистено со сервисирани и исправни возила.

За тендери имало пари, но не и за плати на вработените. Синдикатот на работниците од угостителството, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва заедно со вработените во „Комунална хигиена најавија дека ќе преземат законски мерки против раководството на претпријатието поради доцнење на платите и лошата состојба со возниот парк.

https://youtu.be/nR8DSQqypaQ