Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

„Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до 2021 година кога имавме градежна офанзива. Затоа сакаме тоа да продолжиме, да изградиме уште неколку училишта во подрачните места, уште неколку улички, останат во населените места, така да ќе останеме први во регионот, односно во државата, со 100% приклучени домаќинства во водовод, да имаме асфалтирани улици, зелени површини, нови училишта и нови градинки, тоа е најважната работа за граѓаните на општина Лозово“ порача кандидатот за градоначалник Ацо Велковски од СДСМ, на денешната средба со граѓаните на општина Лозово, се вели во соопштението од СДСМ.

Тој истакна дека од 2017 до 2021 година Лозово било во вистинска градежна офанзива, кога биле реализирани бројни инфраструктурни проекти, но дека тоа не продолжило откако ДПМНЕ ја презеде општината.

„Зад нас се оставени повеќе од 50 проекти. Бошко Цветковски имаше време од 2021 до 2025 година да ги реализира, но, за жал, само околу 20% од тие проекти се реализирани. Бараме поддршка за да ги завршиме започнатите проекти и да започнеме нови,“ додаде Велковски.

Реклама

На средбата, тој соопшти дека е постигната коалиција со Милан Ашиковски, кандидатот од првиот изборен круг.

„Денес потпишавме договор за заедничка поддршка во вториот круг. Со гласовите на Милан и неговиот тим заеднички обезбедуваме сигурна победа. Да продолжиме со работа, со проекти и со развој. Да покажеме дека Лозово знае што значи напредок,“ порача Велковски.