Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Манасиевски: На 2 ноември масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 9, за развој, просперитет и напредок на локалните самоуправи

На 2 ноември масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 9,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 2 ноември масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 9, за развој, просперитет и напредок на локалните самоуправи, како и подобрување на условите за живот во секоја една општина, изјави денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение. 

Изминатите 4 години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа и докажаа дека може да се работи чесно и транспарентно, а во повеќето општини бевме сведоци дека се реализираше повеќе и од ветеното.

Исто така, 16 месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека општините веќе не се сами, туку дека имаат партнер во неа. Соработката помеѓу локалната и централната власт овој период е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и ваши, туку на заеднички бидејќи пред сè, работиме во интерес на граѓаните.

Реклама

Преку поддршката која Владата им ја овозможува на локалните единици се решаваат голем број на децениски проблеми, се реализираат многу капитални проекти, а Владата и понатаму ќе продолжи да ги поддржува општините во иднина.

За да продолжиме континуирано да работиме на модернизирање и унапредување на секоја една општина, потребна ни е вашата поддршка во недела, на 2 ноември.

Ги повикуваме граѓаните на Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да го направат вистинскиот избор и да го заокружат бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.