Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Рубенс Корубин и Јове Магдески добитници на третоноемвриските награди на Прилеп за животно дело

Рубенс Корубин и Јове Магдески се годинашни добитници на Наградата за животно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рубенс Корубин и Јове Магдески се годинашни добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември – денот на конечното ослободување. Корубин е основоположник на нео-романтизмот во светски рамки, а Магдески има особен придонес за фудбалот во Прилеп. На Магдески, наградата за животно дело му се доделува постхумно. Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при прилепскиот Совет денеска ги соопшти и добитниците на третоноемвриските плакети и дипломи.

Добитници на наградата плакета по повод 3 Ноември се: компанијата „Микросам“ која одбележува 35 години постоење, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој има 75-годишен јубилеј, НВО „Hand Till Hand’’ од Шведска за хуманиот и општествен ангажман во здравствената заштита, Интеракт клубот при гимназијата „Мирче Ацев“ со млади ентузијасти за вреднување на солидарноста и хуманоста и здружението на граѓани, извиднички одред „Феникс“ кој одбележува 10 години постоење.

Наградата диплома „3 Ноември“ градот им ја доделува на поединци: Петре Кироваков, поет и активист во Здружението на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија, на д-р Биљана Консулоска Гвероска, автор на научни публикации од областа на земјоделството, агроекологијата и тутунопроизводството, на Владимир Ѓорѓиески, репрезентативецот во билијард и на новинарката Елизабета Митреска за особен придонес во новинарството.