Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Герасимовски: Како градоначалник секогаш давам личен пример, возам велосипед, помагам во акции за чистење

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за 360 степени остро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за 360 степени остро одговори на критиките за неговото вклучување во акциите за чистење неколку дена пред изборите, посочувајќи дека хигиената и теренската работа се дел од неговиот пристап цел мандат, а не ПР-акција, стои во соопштението.

-Тоа е една од многуте лаги што ги слушам изминативе месец дена. Еве ја мојата програма, тука има сè: и програма, и отчет, и сработено заедно со граѓаните. Тоа е доказ дека изминатите четири години сме се грижеле за сè, вклучувајќи ја и хигиената. Граѓаните не гледаат и нас, и механизацијата, и вработените, секојдневно на терен, изјави Герасимовски.

Тој посочи дека неговиот противкандидат, иако бил заменик-министер, не покажал никаков интерес за проблемите на Центар ниту за време на мандатот, ниту преку конкретни акции.

Реклама

-Човек кој е заменик-министер година и пол, кој ако ги прашате граѓаните дали знаат кој е и каде работи, мислам дека само 1 отсто ќе дадат позитивен одговор. Четири години го немаше никаде кога се работеше на терен, кога чистевме диви депонии, ѓубришта. Сега постојано се слика за ПР. Добро е да се праша – фрли ли барем една кеса ѓубре во канта? Е тоа е пример – не само да критикуваш, туку и да покажеш, додаде тој.

На прашањето дали е воопшто работа на градоначалник да собира смет, Герасимовски одговори дека не станува збор за функција, туку за однос.

-Делумно се согласувам. Но ние треба да бидеме пример. Ние не сме само менаџери – ние сме домаќини на општината и треба да ја водиме домаќински. Исто како дома. Затоа почнав со велосипедот, затоа сум со хигиеничарите, затоа бев на секој пожар заедно со пожарникарите, носев вода со вработените. Кога падна дрво пред ‘Киро Глигоров’, излегоа први вработените од Општина Центар – иако тоа треба да го прават ЈП ‘Паркови и зеленило’. Така се води општина. Со личен пример, заклучи Герасимовски.