Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Со ефикасна и обучена администрација до Европска Македонија

Со нов закон до модерна и европска администрација. Владата работи на решение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со нов закон до модерна и европска администрација. Владата работи на решение кое треба да обезбеди професионална и поефикасна администрација во функција на граѓаните и економијата. Сите административци ќе поминат стручно усовршување и обука со цел да се обезбеди систем што ќе се потпира на професионалци, знаење и транспарентност. Министерот Минчев, порача дека реформата која се прави е од суштинско значење за државата и го поставува темелот на модерна и европска администрација

„За првпат во историјата на нашата држава, системски и институционално ги регулираме стручните обуки на државните службеници. Академијата ќе понуди структуиран систем на обуки, разовј на компетенции и континуирано учење. Секој административен службеник, од најмладиот до најискусниот, ќе има можност да се надоградува да стекнува нови знаења и да го покаже својот професионален капацитет“, изјави министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Во целиот процес, партнер е Франција која ја поддржува оваа иницијатива преку проект за формирање на Академијата, планирана за 2027 година. Францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер, ја потврди поддршката од Франција за реформите, и нагласи дека модернизацијата на администрацијата е клучна не само за европската интеграција, туку и за граѓаните.

Реклама

Изјава: Кристоф Ле Риголер – амбасадор на Франција во Македонија:

„Честопати велиме дека реформата на јавната администрација е суштината за евроитегративниот процес и велз во европската унија. Односно тоа е еден од критериумите, за отворање на кластерот еден од европското законодавство. И уште еднаш ќе повторам дека Франција ви стои на располагање за оваа цел.“

Од Центарот за управување со промени велат дека вистинската реформа почнува кога институциите ќе ја изградат културата на учење и вложување во знаење. Директорката Сачмароска предупреди дека обуките често се гледаат како формалност, а не како инвестиција.

„Македонската администрација има добри намери и квалификувани кадри, но, се уште се соочува со култура која не го вреднува доволно учењето, обуките често се гледаат како на формалност, а не како во инвестиција за подобрено управување“, изјави Неда Малеска Сачмароска – извршна директорка на ЦУП

Во 2027 година ќе стартува работата на Академијата за јавна администрација преку која секој нов административец ќе помине 120 часа обука и ќе полага испит пред стручна комисија.