Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Во недела се одржува втор круг од изборите во 33 општини

Битката за прв човек на Скопје, најпрестижната функција на овие избори, останува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битката за прв човек на Скопје, најпрестижната функција на овие избори, останува да биде борбата со најголемо внимание пред вториот круг. Но, интересна трка се очекува и во Карпош, Центар, Аеродром, како и во Струга, Шуто Оризари, Кичево и Куманово. Во недела втор круг ќе се одржи дури во 33 општини, во кои повеќето владеачката коалиција влегува со водство, со исклучок две-три општини како на пример Центар .

Таму, силите ќе ги одмерат актуелниот градоначалник Горан Герасимовски со Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ, подржан од ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг Герасимовски водеше со помалку од 3 илјади гласови, но сепак не се знае кој од двајцата ќе ги добие гласовите и од двете дами кои не обезбедија место во вториот круг.

Интересно ќе биде во Карпош, каде граѓаните ќе одлучуваат дали по четири мандати на актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски, сега општината е му ја предададт на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. Тој води пред Јакимовски, кој има првостепена пресуда за затворска казна и е на црната лист на САД.

Реклама

Во Шуто Оризари во вториот круг ќе се соочат актуелниот градоначалник Курто Дудуш од Унија на Роми и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Раководењето на Дудуш со општината со години го следат скандали, па и таму жителите можат да дадат шанса да ги води нов човек.

Татко на градот во втор круг ќе бира и најголемата општина во Македонија – Куманово. Таму актуелниот градоначаник Максим Димитриевски бара трета шанса од граѓаните, а ќе си ги одмери силите со независниот Горан Стојковски. Таму во големо водство е Димитриевски со дури 10 илјади гласови.

Во Тетово Билал Касами повторно бара шанса за градоначалничката функција и води по првиот круг пред неговиот противкандидат од интегративците Бајрам Реџепи.

Во Кичево борба има помеѓу актуелниот Фатмир Дехари од ДУИ, кој на товар го има нереализираното во претходните мандидати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски кој може да биде првиот градоначалник од немнозинската заедница во општината. 

Струга дефинитвно се отарасува од Рамиз Мерко, и големи се шансите победата да ја однесе незавинсиот кадидат подржан од Вреди и ВМРО-ДПМНЕ, менди Ќура. Сепак, таму уште се води жестока битка со второпласираниот Арсим Далипи од ДУИ.

Голема битка ќе има и во Валандово помеѓу актуелниот Перо Костадинов од СДСМ кој бара трета шанса од граѓаните и Ѓоко Камчев – кандидат на ВМРО –ДПМНЕ кој води со 140 гласови по првиот круг. И во Дојран по втор пат силите ќе си ги одмерат Илија Тентов и Ристо Џинев, откако првиот круг не го помина Милан Мајкиќ од Демократи кој освои само 38 гласови. Од петмина кандадати во Демир Капија, ќе има женско-машки дуел во вториот круг – Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ и Лазар Петров од СДСМ. 

Кочани избира помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Грозданов и незавниот Венко Крстевски.

За избор на локални самоуправи втор круг ќе има и во Брвеница, Виница, Неготино,

Дебарца, Зрновци, Конче, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Ранковце, Чешиново-Облешево, Боговиње, Дебар, Долнени, Крушево, Лозово, Росоман, Чучер Сандево,Студеничани,

Изборите се неуспешни во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не излегоа најмалку една третина од бројот на запишаните избирачи во Избирачкиот список.