Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти. Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“.

– Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со хронични рани, кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, но исто така и од пластична хирургија, пулмологја, сегметите кои работат на зајакнување на имунитетот и не само пациенти туку и здрави спортисти кои понатаму преку проектите што ги планираме ќе бидат користени за зајакнување на нивните спортски перформанси. За кратко време ќе стане достапна за пациентите, изјави денеска директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојкоски, кој ја претстави новата опрема пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.

На проектот за хипербарната комора се работело пет месеци, а како што најави Стојкоски ќе  стане достапна за пациентите за кратко време.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е благодарен што има општествено одговорни компании кои помагаат да има подобри услови за граѓаните. 

– Би сакал помалку пациенти кои ќе имаат потреба од типот изгоренци, а повеќе од делот на спортот, но во животот не се знае што може да се случи и да се има ваква услуга е додадена вредност за здравствениот систем, рече Мицкоски.

Министерот Алиу ја поздрави соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор истакнувајќи дека ќе се придонесе за поквалитено и поблиско здравство до граѓаните.

– Во успешните земји соработката помеѓу јавниот и приватните институции  е клучна за иноваци, нови технологии, за подобро здравство и ние ги следиме таквите чекори, изјави Алиу.