Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Минчев: Максим ќе победи убедливо во Куманово – Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ се осврна на вториот круг од локалните избори, истакнувајќи дека Движењето ЗНАМ влегува во вториот круг со силна поддршка во Куманово и Центар, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ.

„Нашиот претседател и актуелен градоначалник на Куманово, господинот Максим Димитриевски, реализираше над 800 капитални инвестиции во изминатите години. Граѓаните тоа го препознаа и во првиот круг му дадоа огромна поддршка со разлика од околу 11.000 гласа. Очекуваме дека таа
разлика во вториот круг ќе биде уште поголема, затоа што граѓаните знаат кој може во континуитет да го води Куманово стабилно, чесно и со резултати.“ – изјави Минчев.

Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат конструктивно партнерство во рамки на Владата, кое се темели на заеднички цели и резултати.

Реклама

„Ние градиме партнерска политика со нашиот коалиционен партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ги очекуваме и нивните гласови, како што и ние дадовме поддршка на нивните кандидати во другите општини. Тие 33 општини кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ се резултат и на нашата поддршка.“ – додаде тој.

Минчев истакна дека резултатот во Куманово ја покажа катастрофата на СДСМ, партија која не само што не успеа да влезе во втор круг, туку падна на четвртото место во градот.

Дополнително, Минчев се осврна и на состојбата во Општина Центар, која ја опиша како последното гнездо на овозможување на бизнисите на двоецот Филипче – Заев, потпомогнато, како што рече, од актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

„Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж во нетранспарентни зделки и корупција.

Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и Заев. Првиот ешалон е бизнис-кругот што профитира од градбите, вториот ешалон се луѓе во самата општина, задолжени за занаетчиски работи, фасади, плочки, инсталации.

Тоа е класичен модел на корупција и клиентелизам.“ – нагласи тој, додавајќи дека граѓаните во Центар се разочарани од ваквиот начин на владеење.

„Ако ги погледнете резултатите, 68 проценти од граѓаните се изјаснија против политиките на Горан Герасимовски. Тоа е сигнал дека Центар сака промена, а не продолжение на криминалните урбанистички политики.“ – заклучи Минчев.

Движењето ЗНАМ останува посветено на принципите на транспарентност, одговорност и конкретни резултати во секоја општина.